Ракометарите на Цеље ги завршија натпреварите во регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата. Со победата на домашен терен нада Татран Прешов со 39:30 екипата на Цеље направи чекор поблиску до завршниот „фајнал-фор“ турнир.
Словенечката екипа собра вкупно 33 бодови и во моментов е на третото место на табелата пред ППД Загреб и Мешков Брест. Но, овие две екипи имаат за доигрување уште три, односно два натпревари, меѓу кои и нивниот меѓусебен меч.
Затоа, составот на Цеље e во добра позиција за освојување на четвртото место, кое ќе им го донесе македонскиот шампион Вардар во полуфиналниот меч.
Табела: Вардар 44 бодови (17 натпревари), Веспрем 41 (17), Цеље 33 (18), Загреб 31 (15), Мешков Брест 29 (16), Металург 16 (16), Нексе 15 (16), Горење 12 (15), Татран Прешов 10 (15), Извиѓач 3 (15).