Австриската полиција при сообраќајна контрола запрела еден шеесет и тригодишен човек кој, како што се покажало, 45 години возел автомобил без возачка дозвола, пренесуваат виенските медиуми.
Возачот цели 45 години управувал автомобил без возачка дозвола, а притоа немал ниту еден забележен сообраќаен прекршок или незгода, ниту било кога, до оваа недела, бил запрен и контролиран од сообраќајната полиција!
На патот С-33, кај Санкт Полтен, полицијата наишла на автомобил што стоел во последната коловозна лента. Кога возачот бил замолен да ја покаже дозволата, тој им дал само документ од автомобилот и пасош.
Набрзо станало јасно дека возачот никогаш не ни имал возачка дозвола.
Според неговата изјава, во 1970 година тој посетувал авто-школа, но никогаш не излегол на полагање. Тоа, меѓутоам, не го спречило да седне зад воланот и полни 45 години да вози без дозвола.
Полицијата овој возач го исклучила од сообраќајот и против него поднела пријава.