Цана: Не тепаа и не можевме да продолжиме

Од:

Капитенот на фудбалската репрезентација на Албанија Лорик Цана за синоќешниот инцидент рече дека е предизвикан од српските навивачи кои нанеле повреди на дел од неговите соиграчи и поради тоа не биле во можност да го продолжат мечот.

– Дојдовме да играме фудбал, но бевме физички нападнати од српските навивачи и затоа не сакавме да се вратиме на терен. Сакавме само да го земеме знамето и се ќе беше под контрола, ама обезбедувањето не спречи влегување на терен на дел од навивачите. И јас и некои мои соиграчи имаме повреди и не можевме да продолжиме, изјави Цана.

Албанскиот капитен го посочи неговиот српски колега Бранислав Ивановиќ како позитивен пример.

– Капитенот Ивановиќ е позитивен пример за однесување. Тој и пред натпреварот дојде кај нас и ни рече дека ова е само фудбалски натпревар, нагласи Цана. Исходот од прекинатиот натпревар Србија – Албанија поради појавувањето на леталото со знамето на Голема Албанија ќе биде познат по состанокот на надлежните комисии на УЕФА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он