Буниќ неизвесен за натпреварот со Партизан

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром во претстојниот меч против Партизан во АБА лигата, најверојатно ќе биде без центарот Душко Буниќ.

– Продолжуваат подготовките за дуелот против Партизан. Вечерниот тренинг на МЗТ Скопје се одработи без центарот Душко Буниќ кој се здоби со незгодна повреда на скочниот зглоб и е неизвесен за натпреварот во среда, соопшти македонскиот шампион.

Буниќ се повреди на последниот меч во Ваљево, одигран во саботата, каде МЗТ Скопје оствари победа над Металац.

Конечниот збор дали центарот ќе биде во составот против Партизан, ќе го каже лекарскиот тим во консултација со стручниот штаб.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродорм – Партизан ќе се игра утре од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.

16-то коло од АБА лигата стартува денеска со дуелите:
Цибона – Цедевита и
Крка – Тајфун.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он