Bugatti го претстави Les Legendes de Bugatti модел, кој е посветен на Meo Constantini, човекот кој беше раководител на фабриката на Bugatti и победи два пати на Targa Florio.
Како и другите ексклузивни модели од оваа серија, и овој модел ќе биде произведен во само три примероци, а цената ќе биде 2.09 милиони евра.
Моќта доаѓа од познатиот 8-литарски W16 мотор со четири турбо полначи – а моќ има навистина многу – дури 1200 коњски сили и 1500 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 километри на час трае 2.6 секунди, а максималната брзина е 408 километри на час.