Бугарите ќе играат финале на светско првенство

Од:

Голем успех постигна најдобрата бугарска одбојкарска репрезентација – се пласираше во финалето на светското првенство во Индонезија со победа од 3:1 над Чешка.

Според сетовите, селекцијата на источниот сосед славеше со резултат 25:20, 23:25, 25.21, 25:22.

Во финалето, Бугарија ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Полска и Италија.

Ова е второ финале на Светско првенство за Бугарите, првиот пат играа во 1970 година кога беа домаќини, па овој успех добива на тежина бидејќи беше постигнат далеку од дома.

До натпреварот со Чесите, избраниците на тренерот Џанлоренцо Блендињи ги добија сите три во групата (Германија, Словенија и Чиле), во осминафиналето ја победија Португалија (3:0), потоа САД со 3:2.

Би можело да ве интересира

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра