Одбојкарската репрезентација на Бугарија оствари победа од 3-0 во сетови над Албанија на првиот денешен натпревар од вториот турнир од Европската лига во групата А што се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Со овој триумф Бугарија ги задржа шансите за прво место во групата, но затоа ќе треба да постигне победа над Македонија во утрешниот натпревар.
Резултат по сетови: 25:19; 25:19 и 25:19 (75:57 вкупно).
На вториот натпревар од групата со почеток во 19:30 часот ќе играат Македонија и Данска.
Бугарија по денешниот натпревар изби на чело на табелата со скор 4-1 (победи-порази), пред Македонија 4-0, Данска 1-3 и Албанија 0-5.