Македонскиот ракометен првак ЖРК Вардар во полуфиналето од Лигата на шампионките ќе игра против Будуќност. Денешната жрепка во Виена одлучи „црвено-црните“ за финалето да се борат со црногорскиот шампион, тимот од кој загубија во ланското полуфинале.
Вардар и Будуќност сезонава двапати играа во групната фаза. Во Подгорица беше 23:17 за Црногорките, а во Скопје резултатот беше нерешен 24:24.
Другата полуфинална двојка на „Фајнл фор“ ја сочинуваат Ларвик (Норвешка) и Динамо Синара (Русија).
Завршниот турнир ќе се игра на 9 и 10 мај во главниот унгарски град Будимпешта.