Брумен очекува да игра в сабота со Висла

Од:

Десното крило на Вардар, Матјаж Брумен почна да тренира во полна сила и колку што може се труди да биде подготвен да се врати на теренот в сабота, во првиот осминафинален натпревар против Висла Плок.

Словенецот нема натпревар од мечот со Монпеље на 14. февруари и беше неизвесно дали ќе може да ја продолжи сезоната поради повредата на рамото. Сепак работите одат на подобро и тој се надева дека веќе в сабота ќе може да им помогне на своите другари.

– Многу подобро се чувствувам. Сѐ уште имам болка, но ќе можам да играм в сабота против Висла. Добро ми дојдоа три недели одмор и сега ме очекува само уште еден преглед до сабота, но освен ако не се случи нешто ептен непредвидено, можам да играм, изјави Брумен.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он