Бронзениот медал за Франција на Светското првенство во кошарка

Од:

Репрезентацијата на Франција го освои бронзениот медал на Светското првенство во кошарка што се одржува во Шпанија откако во „малото финале“ вечерва во Мадрид ја победи Литванија со 95:93 (22:19; 21:23; 21:29 и 31:22).

Ова е прв медал за Франција на светските првенства, а Литванија не успеа да го одбрани третото место од претходниот шампионат.

Во последниот период Литванија „влезе“ со предност од седум поени (71:64), но не успеа да ја задржи. Најефикасен во редовите на Франција беше Никола Батум со 27 поени, а Борис Диао постигна 15 поени. Во редовите на Литванија, Јонас Валанчиунас реализира 25 поени.

Финалето меѓу САД и Србија се игра утре (недела) со почеток во 21 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ѓоковиќ се расплака: Ретки се моментите кога некој останува без зборови, се тресам и не знам што да кажам

Горан Наумовски

Вучиќ: Секој играч поединечно ќе добие по 200.000 евра за златото од Париз

Горан Наумовски

Српските кошаркари наградени со по 25.000 евра за освоеното сребро на Мундобаскетот

Откриено зошто на Бориша Симаниќ му го отстранија бубрегот по ударот на мечот со Јужен Судан

Предраг Петровиќ

Германците ги победија Американците и закажаа финале со Србија

Горан Наумовски

Нов пораз за словенечките кошаркари, Литванија игра за петтото место на Мундобаскетот