Британски бизнисмен планира да ја моторизира Кенија со домашно произведени џипови

Од:

Кениската компанија „Мобиус Моторс“ планира да почне со масовно производството на „Мобиус II“, евтино теренското возило специјално дизајнирано за лошите африкански патишта.

Компанијата успеа да продаде 50-на примероци од својот прв модел Мобиус, кој беше претставен во 2014 година и сега планира да отпочне со освојување на пазарот со новата верзија на џипот.

Компанијата е во сопственост на британскиот бизнисмен Џоел Џексон, и нејзин фокус се евтини а издржливи џипови, прилагодени како за африканскиот терен, така и за куповната моќ на жителите на источна Африка.

Првиот „Мобиус“ се продава за 9.500 долари и за тие пари купувачите добиваат возило кое со неговите 133 коњски сили може да развие 120 километри на час и да носи товар од 625 килограми, но нема клима, па дури ни странични прозорци.

Кенија е дом на првиот автомобил дизајниран и произведен целосно во Африка – „Нјајо Пајонир“, кој беше изработен во 1986 година на иницијатива на претседателот Даниел арап Мои, но возилото се покажа како целосен неуспех.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on