Британската тенисерка Елена Балтача почина од рак на 30-годишна возраст

Од:

Британската тенисерка од украинско потекло, Елена Балтача почина од рак на црниот дроб, соопштија нејзиното семејство и британската тениска асоцијација.

Балтача, која минатата година, се повлече од активното играње тенис, разбра за тешката болест во средината на јануари годинава, само два месеци по завршувањето на нејзината професионална кариера и неколку недели по стапувањето во брак. Кога имаше 19 години, лекарите открија кај неа хронично заболување на црниот дроб, но таа сепак,од 1997 година беше професионален тенисер.

Во својата кариера, освои 11 титули, три пати беше прогласена за најдобрата британска тенисерка, 11 години беше членка на женската Дејвис куп репрезентација на Велика Британија, а еднаш во Вимблдон и на двапати на Австралија опен, дојде до третото коло на овие Гранд слем турнири.

Балтача е родена во Киев, но израсна во Шкотска, откако таму се преселија нејзнините родители. Нејзниниот татко е некогаш познатиот советски фудбалски репрезентативец Сергеј Балтача, кој професионалната кариера ја продолжи во странство, прво во Англија, играјќи за „Ипсвич“, а потоа и за неколку шкотски екипи.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ