Италијанката Федерика Бријоне е победничка на првата трка од новата сезона во Светскиот куп во скијање.
Брионе беше најбрза на велеслаломот возен во австрискиот скијачки центар зенден со вкупно време 2:24.27 минути.
За Брионе ова беше првата победа во нејзината кариера, а воедно таа го прекина постот на италијанските скијачки кои седум години беа без победа во техничките дисциплини.
Второто место го освои Микаела Шифрин (САД) со 85 стотинки заостанување зад победничката, а место на победничкиот подиум имаше и за третопласираната Тина Вајрајтер од Лихтенштајн.
Следната трка за скијачките е закажана за 14 ноември во Леви, Финска во дисциплината слалом.
Утре во Зелден ќе се одржи првата трка во машка конкуренција, скијачите ќе возат слалом.