Капитенот на американската репрезентација Мајкл Бредли е прогласен за најдобар фудбалер во 2015 година во Соединетите Американски Држави.
Зад репрезентативец и капитен на Торонто останува успешна сезона во шампионатот на Северна Америка, како и со националниот тим.
– За мене ова е големо признание и чест, особено кога ќе се погледне во каква конкуренција бев прогласен за најдобар, изјави Бредли.
Во гласањето учествуваа тренери, поранешни играчи, новинари и репрезентативци на САД.
Бредли освои 43 отсто од гласовите. На второ место беше Фабијан Џонсон со 33 отсто од гласовите, додека Клинт Демпси е на третото место со 20 проценти.