Бразилката Песоа на голот на ЖРК Вардар

Од:

Репрезентативката на Бразил Мајса Ракел де Оливеира Песоа е новото засилување на ЖРК Вардар на голманската позиција. Таа во редовите на македонскиот првак ќе дојде од ривалот во полуфиналето екипата на Букурешт.

Песоа има 31 година и во европските екипи има настапувано за Иси (Франција), Динамо Волгоград (Русија) и Букурешт (Романија). Нејзин најголем успех во кариерата е освоениот златен медал со Бразил на Светското првенство 2013 година во Србија.

– Имам добро чувство за Вардар, можам да кажам дека правам вистински потег. Тимот е одличен, со фантастични играчи, кои се борат да го освојат пехарот во Лигата на шампионите. Ова е нов предизвик за мене, нова авантура, изјави Песоа за интернет страницата на ЖРК Вардар.

Новото засилување на ЖРК Вардар ќе биде дел и од селекцијата на Бразил на Олимписките игри во Рио каде оваа селекција важи за еден од фаворитите за освојување на медал.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска