Бразилецот Серџо Антонио нов играч на Работнички

Од:

Бразилецот Серџо Антонио Да Луз Жуниор е најновото засилување на Работнички за новата сезона.

Со 23-годишниот напаѓач кој доаѓа од редовите на албанскиот Скендербег „романтичарите“ потпишаа едногодишен договор, со можност за продолжување на истиот на уште една година.

– Среќен сум што доаѓам во клуб како Работнички за кого знам дека е еден од најдобрите во Македонија. Верувам дека ќе може да му помогнам на тимот оваа сезона да дојде до своите цели, рече Жуниор по промоцијата во новиот дрес.

Серџо Антонио потекнува од фудбалската школа на Бело Хоризонте, од каде потоа се сели на европскиот континент.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он