Репрезентациите на Бразил, Русија и на Франција на едно коло пред крајот на втората фаза веќе обезбедија пласман во следната групна фаза на Светското првенство во одбојка во Полска. По синоќа одиграните дуели од 3.коло – втора фаза овие три селекции имаат недостижна предност за конкурентите и сигурен пласман на едно од трите први места во групите.
Резултати 3.коло – Е група: Аргентина – Италија 3:1, Србија – Франција 1:3, Полска – Иран 3:2, Австралија – САД 0:3.
Резултати 3.коло – Ф група: Бразил – Канада 3:0, Финска – Кина 2:3, Германија – Русија 0:3, Куба – Бугарија 3:0.
Табела Е група: Франција 16 бодови, Полска 14, САД 13, Иран 12, Србија 9, Аргентина 6, Италија 2, Австралија 0.
Табела Ф група: Бразил 18 бодови, Русија 17, Германија 12, Канада 10, Куба 5, Бугарија 5, Финска 3, Кина 2.
Денеска во рамките на 4.коло играат: Бразил – Русија, Финска – Бугарија, Германија – Канада, Куба – Кина (Ф група), Аргентина – САД, Србија – Иран, Полска – Франција и Австралија – Италија.