Бразил прв полуфиналист на СП во одбојка

Од:

Репрезентацијата на Бразил прва обезбеди пласман меѓу четирите најдобри на Светското првенство во Полска. „Кариоките“ синоќа во Лоѓ во 2.коло од Х групата ја победија Русија со 3-0 по сетови 25:22, 25:20 и 25:21.

За второто слободно место во полуфиналето од оваа група вечерва од 20 часот и 25 минути ќе се борат домаќинот Полска и Русија. На Полјаците за пласман во полуфиналето им одговара и пораз со два освоени сета.

Во групата Г Германија во Катовице го совлада Иран со 3-0 (25:15, 25:21 и 25:19). Вечерва во оваа група играат Франција – Иран. На Французите потребен им е само еден сет да обезбедат борба за медал.

Табела група Г: Франција 3 бода, Германија 3, Иран 0.

Табела групаХ: Бразил 4 бодови, Полска 2, Русија 0.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ