Репрезентацијата на Бразил е прв финалист на Светското фудбалско првенство за играчи до 20 години што се одржува во Нов Зеланд.
„Кариоките“ утринава во Крајсчрч, во полуфиналето со убедливи 5:0 го победија Сенегал и се изборија за настап во завршницата на ова натпреварување.
Стрелци на головите беа: Кореа (автогол), Маркос Гиљерме (два), Бошиља и Хорхе.
Во второто полуфинале од 9 часот и 30 минути играат Србија и Мали.