Бразил и домаќинот Полска ќе играат во финалето на Светското првенство во одбојка, откако двете репрезентации беа поуспешни од своите ривали во полуфиналните мечеви.
Бразил во драматичен и неизвесен меч ја победи Франција со 3-2.
По убедливите 25:18 во првиот сет за „кариоките“, Французите го добија вториот сет со 25:23. Со истиот резултат Бразил поведе со 2-1 добивајќи го третиот сет. Франција повторно изедначи по 25:22 во четвртиот сет. Решавачкиот петти сет му припадна на актуелниот светски првак со 15:12.
Во второто полуфинале синоќа Полска со 3-1 беше поуспешна од Германија. По сетови 26:24, 28:26, 23:25 и 25:21.
Финалето ќе се игра вечерва од 20 часот и 25 минути, а претходно, од 16 часот и 40 минути е натпреварот за третото место меѓу Франција и Германија.