Репрезентацијата на Бразил стартуваше со победа на „Копа Америка 2015“ откако ноќеска го совлада Перу со 2:1, а решавачкиот гол „кариоките“ го постигнаа во судиското продолжение на вториот дел.
Перу поведе со голот на Кристијан Куева во 3.минута, но Бразил брзо изедначи по само две минути со голот на Нејмар. Победничкиот гол го постигна Даглас Коста во 90+2 минута.
На вториот дуел од „Ц“ групата Венецуела ја победи Колумбија со 1:0, а стрелец на Јозе Рондон во 60.минута.
Вечерва се играат и првите дуели од 2.коло во рамките на „А“ групата: Еквадор – Боливија и Чиле – Мексико.