Бразил и Русија со максимален број на победи на СП во одбојка

Од:

Селекциите на Бразил и Русија остануваа со максимален учинок по одигрувањето на средбите од 3.коло на Светското одбојкарско првенство кое се одржува во Полска.

Бразилците иако славеа со 3:0 во дуелот против Финска сепак Кариоките мораа да се потрудат максимално да дојдат до третата победа со 27:25, 25:21, 26:24 по сетови.

Во другите два меча од групата Б, идентични победи од 3:1 забележаа Германија и Јужна Кореја во дуелите со Куба и Тунис.

На табела во оваа конкуренција води Бразил со 9 бодови, пред Германија со 5, Финска 4, Куба и Јужна Кореја 3 и Тунис 0.

Во групата Ц, селекцијата на Русија загуби сет во мечот против Мексико со 3:1 по сетови 21-25, 25-20, 25-14 и 25-17.

Затоа пак максимални победи од 3:0 остварија Бугарија над Кина и Канада над Египет.
Табела: Русија 9 бодови , 7, Бугарија, Кина 6, Канада 5, Мексико 0, Египет 0

Денеска се играат натпреварите од 4.коло во А и Д групите.

Група А:
13:00: Аргентина – Австралија
16:30: Венецуела – Србија
20:15: Камерун – Полска

Група Д:
13:00: САД – Франција
16:30: Белгија – Иран
20:15: Порторико – Италија.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ