Бразилската фудбалска конфедерација соопшти дека од поранешни селектори ќе побара помош за подобрување на квалитетот на фудбалот откако резултатите во серија, како што велат се разочарувачки.
Челниците на бразилскиот фудбал сакаат да формираат совет составен од бившите селектори, а иницијативата доаѓа една недела по елиминацијата на „кариоките“ во четвртфиналето на Копа Америка.
Ова е вторпат по ред Бразилците да не ја поминат оваа фаза на првенството во Јужна Америка.
Во советодавното тело ќе бидат поканети и тренери од странство и претставници на медиумите.