Браун: Формула 1 беше во одлична состојба пред шест месеци и за шест месеци сe ќе биде добро

Од:

Спортскиот директор во Формула 1, Рос Браун е уверен дека првенството ќе се справи со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

– Сега минуваме во многу тежок период. Важно е да се запамети дека Формула 1 минуваше низ фантастични времиња, а тие нè чекаат во иднина. Инспиративно е да се најде начин за излез од моменталната состојба. Ф-1 беше во одлична состојба пред шест месеци, а за шест месеци сè ќе биде добро. Таквите мисли навистина помагаат, тоа е посебно чувство, изјави Браун.

Сезоната 2020 сè уште не е започната, неколку трки се одложени, а некои откажани.

Сепак, сите во најбрзиот спорт се оптимисти дека до крајот на годината сезоната ќе заврши.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес