Братот на Погба излезе од затвор, не смее да има контакт со него и со нивната мајка

Од:

Братот на играчот од средниот ред на француската фудбалска репрезентација и член на Јувентус, Пол Погба, Матијас (32), е ослободен од затворот во кој се наоѓаше од 18 септември поради неговата наводна вмешаност во уцена на својот помал брат. Матијас Погба, како и уште тројца осомничени, беа уапсени во септември под сомнение дека се обиделе да изнудат пари Пол Погба, кој моментно игра за Јувентус.

Матијас го напушти затворот утринава, потврди неговиот адвокат.

На Матијас му е забрането да има контакт со осомничените за уцена и изнуда против Пол Погба. Исто така, му е забрането да има контакт со неговата мајка и братот Пол. Не смее да ја напушти државата или да објавува статуси на социјалните мрежи.

Тој е обвинет за изнуда во организирана група и учество во криминална група. Во овој случај обвинети се уште четворица осомничени. Се верува дека тие се роднини на браќата Погба, на возраст меѓу 27 и 36 години, кои се товарат за изнуда, киднапирање и учество во криминална организација.

Сè се случи во март оваа година во Париз кога четворица мажи го одведоа Пол Погба под закана со пиштол во стан во париското предградие каде што порасна. Таму членовите на бандата го обвинија Погба дека не им помагал финансиски откако станал професионален играч.

Наводно, Погба им кажал на истражителите дека бандата му се заканувала со пиштоли и барала 15 милиони евра за да не објави компромитирачко видео и затоа што тие дискретно го штителе во последните десет години.

Братот на Погба помина 89 дена во притвор, додека Пол Погба поради повреда не настапи на Светското првенство во Катар.

Би можело да ве интересира

Погба: Рајола ја виде понудата од Јунајтед и ми кажа дека ниту неговиот пес не би потпишал

Матијас Погба ѝ се предаде на француската полиција по обвинувањата за уцена на брат му

Погба мора да оди на операција и ќе го пропушти Светското првенство во Катар

Војна во семејството Погба – мајката против постариот син Матијас: Тој сака да го уценува Пол!

Рајола најави можно враќање на Погба во Јувентус

А1он

Погба: Франција повеќе не е најдобрата репрезентација на светот

А1он