Братен ја „прегази“ конкуренцијата во првиот слалом оваа сезона

Од:

Норвежанецот Ларс Братен е освојувач на првиот слалом од новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање, откако во францускиот ски-центар Вал Д’Изер ја искористи поволната стартна позиција да го совлада Австриецот Мануел Фелер со огромни 0.84 секунди предност.

Зад Фелер, кој заврши како втор и на вчерашниот велеслалом, заврши Швајцарецот Лоик Мејар со 0.98 секунди послабо време. Сонародникот на Братен и фаворит за победата, Хенрик Кристоферсен беше втор по првото возење, но направи премногу грешки во второто и заврши само на 16. место. Светскиот шампион, Норвежанецот Себастијан Фос Солеваг не го заврши второто возење.

За 22-годишниот Братен ова е трета победа во кариерата и втора во слалом.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Машкиот слалом во Вал д’Изер е одложен

Ана Ололовска

Шифрин победи на слаломот во Леви

Хиршер најбрз на слаломот во Леви

Наум Локоски

Шифрин ја продолжува доминацијата во слалом

Ана Ололовска

Откажан машкиот велеслалом во Гармиш, прекинат женскиот слалом во Марибор

Ана Ололовска

Откажани слаломските трки во Леви

Ана Ололовска