Екипата на Лос Анџелес Лејкерс со своите просечни партии во оваа сезона, прашање е дали ќе обезбеди место во плеј-офот во НБА лигата. Пред неколку дена „езерџиите“ на свој паркет го совладаа Бостон, а синоќа во „Стејплс центарот“ беа подобри од Портланд со 111:107.
Коби Брајант го одржува својот тим во битка за плеј-оф, а синоќа како и по обичај беше најдобриот поединец во својот тим. Коби уфрли 40 поени, надополнети со седум скокови и 4 асистенции. Лејкерс моментално се наоѓа на 9-та позиција во НБА, но и понатаму се во борба за влез меѓу најдобрите кои ќе го сочинуваат плеј-офот.
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Чикаго 75:105
Индијана – Детроит 114:82
Торонто – Њујорк 100:98
Вашингтон – Денвер 119:113
Атланта – Сакраменто 122:108
Бруклин – Хјустон 96:106
Мемфис – Орландо 88:82
Њу Орлеанс – Далас 100:104
Оклахома – Минесота 127:111
Феникс – Бостон 88:113
Голден Стејт – Сан Антонио 107:101 после продолжение
ЛА Лејкерс – Портланд 111:107