Јанко Божовиќ повеќе нема да биде дел од македонскиот вице ракометен првак Металург.
Откако австрискиот интернационалец пролетва привремено го напушти Металург и замина во Катар, Божовиќ се врати во Скопје да го заврши договорот одигрувајќи ги последните два натпревара во дресот на тимот од Автокоманда.
Токму со настапите во Металург, австрискиот бек ја имаше својата најдобра сезона во кариерата, па на десетте одиграни натпревари во Лигата на шампионите постигна 71 гол или во 7,1 просек кој споредено со Топ 10 стрелците е послаб единствено од тој на најдобриот стрелец, Микел Хансен (7,8).