Божовиќ во тимот на колото според ЕХФ

Од:

Најдобриот ракометар на Металург, Јанко Божовиќ е дел од идеалниот тим на 4.коло во Лигата на шампионите, според изборот на ЕХФ.

Десниот бек на Металург вчера на гостувањето кај данскиот вицепрвак Скјерн постигна 11 голови, но не му помогна на својот тим да се спаси од пораз (19:20).

Идеални седум за 4.коло според ЕХФ:

Голман: Никлас Ландин (Кил),
Десен бек: Јанко Божовиќ (Металург)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Централен бек: Габор Часар (Шафхаузен)
Лево крило: Андерс Егерт (Фленсбург)
Десно крило: Дарко Ѓукиќ (Бешикташ)
Пивот: Алберт Кристеску (Баја Маре)

Ова е вторпат како Божовиќ се наоѓа во идеалниот тим оваа сезона. Претходно, тој беше меѓу најдобрите во 2.коло кога Металург го победи Кадетен Шафхаузен.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он