Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, беше најбрз на денешниот прв слободен тренинг пред неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Русија на патеката во Сочи.
Финецот оствари резултат од 1:34, 427 минути, што беше за 0,211 секунди побрзо од клупскиот колега и актуелен светски првак Луис Хамилтон.
Водечкиот во генералниот пласман, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) забележа трето време, откако зад Хамилтон заостана само 0.016 секунди.
Трката за Големата награда на Русија се вози в недела со почеток од 14 часот.