Фенербахче, чиј дрес од ова сезона го носи македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, го надигра најтрофејниот клуб во НБА лигата Бостон Селтикс со 97:91.
Бо Мекејлеб очекувано беше најдобар поединец во својот тим, но со својата игра успеа да ги засени и НБА ѕвездите, потврдувајќи дека поседува квалитет за место во најквалитетната светска лига.
Мекејлеб кој во турскиот клуб дојде ова лето постигна 21 поен, а забележа и 5 асистенции, 4 скокови и 2 украдени топки кои заедно со атрактивните поени беа доволно да ги засени Рондо, Гарнет и останатите.