Кошаркарите на Бостон Селтикс го совладаа Мајами со 101:91 и така намалија на 2-1 во финалто на Источната конференција.
Три играчи на Бостон имаа повеќе од 20 поени, а со одлична игра во одбрана во последната четвртина ги сопреа Џејмс и Вејд и се вратија во игра за пласман во големото Финале.
Кевин Гарнет беше најпрецизен со 24 поени и 11 скокови, Пирс имаше еден поен помалку додека Рондо постогна 21, 10 асистенции и шест скока.
Леброн Џејмс го предводеше Мајами со 34 поени и осум скокови, Вејд имаше скромзни з анео 18 поени.
Следниот наптревар е во понеделник наутро во 2:30 часот исто така во Бостон, а на Западната конференција резултатот исто така е 2-1, а вечерва се игра следниот натпревар во Оклахома.