Ракометниот клуб Еурофарм Работник ја раскина соработката со досегашниот тренер Андон Бошковски, соопшти клубот од Битола на официјалниот свој сајт.
– Причините за раскинување на соработката се од лична и спортска природа на тренерот. Раководството на РК Еурофарм Работник го прифати предлогот за раскинување на соработката. Клубот му се заблагодарува на Андон Бошковски за досегашната соработка и му посакува многу успеси во натамошниот дел од кариерата, стои во соопштението од Еурофарм Работник.
Под водство на Бошковски оваа сезона Еурофарм Работник на четири натпревари од „Вип Супер лигата“ има две победи, еден нерешен резултат и еден пораз и е на делба од второто до петтото место на табелата со седум освоени бода.