Тијана Бошковиќ која ја предводеше српската репрезентација до шампионскиот трофеј на Европското одбојкарско првенство е прогласена за најкорисен играч на шампионатот во Азербејџан.
Таа во финалето против Холандија избори 29 поени за својата селекција и беше најдобрата на теренот.
Место во идеалниот тим на ЕП обезбедија Бранкица Михајловиќ и Стефана Вељковиќ од Србија, Ана Буијс, Лонеке Слетес и Лаура Дијкема од Холандија, Еда Ердем Дундар од Турција и Валерија Мамадова од Азербејџан.