Играчот од средниот ред на Милан, Џакомо Бонавентура може да замине во Торино, објави „Тутоспор“.
Според изворот, 30-годишниот Италијанец е склон да се пресели во клубот од Торино. Исто така, за фудбалерот се зинтересирани и Фиорентина, Наполи и Аталанта.
Претходно се дозна дека клубот од Милано нема да го обнови договорот со италијанскиот фудбалер.
Бонавентура игра за Милан од 2014 година, а неговиот договор истекува на 30 јуни. Тој оваа сезона настапи на 19 натпревари и постигна три гола.