Американскиот скијач Боди Милер најави дека ја завршува својата кариера.
Тој околу 2,5 години не беше активен на скијачките терени, а имаше мислење дека ќе се врати на натпреварувањето.
– Готово е! Кариерата ми беше долга и нема желба за скијање, изјави Милер.
Милер има 40 години и се натпреваруваше 16 сезони, а притоа постигна 33 победи во Светскиот куп.
Тој е еден од петте скијачи кои имаат победи во сите пет дисциплини, а Светскиот куп го има освоено двапати, четири пати беше светски првак и еднаш олимписки шампион во Ванкувер 2010 година.