BMW со најава за 10 нови модели до крајот на 2014-та

Од:

BMW објави рекордни резултати во продажбата, но и дека до крајот на следната година, планира да понуди 25 нови модели, од кои десет ќе бидат комплетно нови автомобили, а другите редизајни. Производителот не навлезе во детали, но само генерално спомена некои модели.

Така, во оваа временска рамка можат да се очекуваат освежени модели од Х5, Серија 5, Серија 5 Gran Turismo , додека како реални новитети се споменуваат Серија 2 Coupe / Convertible, Серија 4 Coupe / Convertible, Gran Coupe, X4, i3, i8 и сл.

Од BMW исто така потврдија дека за малиот хибрид i3 веќе добиле стотици нарачки, а првите автомобили се наоѓаат на производната лента. Првите испораки се закажани за втората половина од оваа година односно наесен, веднаш по премиерата во Франкфурт. Понатаму, X4 ќе биде долг околу 4,65 метри а ќе го придвижуваат 4/ 6-цилиндричните бензински и турбо дизел мотори од X3, на чија платформа се базираат и поголемиот дел од компонентите.

На крајот и информацијата дека за BMW Group, 2012 година беше најдобра досега бидејќи производителот оствари рекордни резултати, како во однос на продажбата (+10,6% во споредба со 2011), така и кога станува збор за заработката (+4,4% во споредба со 2011). И покрај очекувањата дека оваа година ќе продадат повеќе автомобили отколку во 2012 година профитот се „закочи“ поради зголемените инвестиции во нови технологии и трошоците за лансирање на нови модели. Вреди да се спомене и тоа дека овој раст на приходите не е постигнат на сметка на работниците бидејќи BMW Group минатата година ангажираше дополнителни 5.570 работници и сега вкупната бројка изнесува 105.876.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска