БМВ официјално го претстави „плаг ин“ хибридот i8 со карбонска патничка ќелија и конфигурација на седиштата 2+2 на Саемот на автомобили во Франкфурт.
Производствената верзија поседува многу детали од концепт студијата, но наместо ласерска технологија за светлосните групи се искористени ЛЕД светла.
Погонот е составен од 1,5 литарски три цилиндарски би-турбо мотор и електро мотор. Бензинецот развива 231 коњска сила, што преку шест степен автоматски менувач се пренесува на задната оска.
Електро моторот испорачува 131 коњска сили и е задолжен за погонот на предната оска. Енергија обезбедува литиум-јонска батерија со капацитет од 5 кило ват часа. БМВ и8 комбинирано располага со 362 коњски сили што е доволно од 0 до 100 километри на час да забрзува за 4,4 секунди.
Потрошувачката на гориво изнесува 2,5 литри на 100 километри. Само на електричен погон и8 може да мине 35 километри при максимална брзина од 120 километри на час. Со користење на двата агреграти автономијата се зголемува на 500 километри.