По повеќе од една деценија откако почна со производството на „Серија 1“, од погонот на „БМВ“ излезе и двемилионитиот примерок на овој модел.
Кога се појави во 2004 година, „БМВ Серија 1“ претставуваше исчекор на компанијата во сегметот компактни хечбек модели.
Втората генерација имаше премиера во 2011, а времото покажа дека со лансирањето на возилото што не беше во согласност со имиџот на класичните „БМВ“ лимузини, баварскиот производител, сепак, направи добар потег.
Десет години подоцна, произведени се два милиони возила од „Серија 1“, во верзијата со три и пет врати.
Јубилејниот примерок се симна од лентите во фабриката во Регенсбург само неколку денови откако „БМВ“ почна да изработува рестилизирана верзија на овој модел што беше претставен во средината на јануари.
Во прашање е „БМВ 120и“ со пет врати, исфарбан во Есторил сина металик боја, опремен со „М Спорт“ пакет и наменет за јапонскиот пазар.