Се до денес основна карактеристика на премиум возилата остана погонот на задните тркала, на која БМВ и Мерцедес строго се држат во своите седан модели, додека пак Ауди растеше од марката за купувачи од средната класа со толку посакуваниот премиум с Кватро погон, понуди плебејски преден погон, пишува Јутарњи лист.
Кватро погонот го прослави Ауди, но да не дојде до забуна Мерцедес и БМВ веќе долго низ премиум лимузини со заден погон нудат и погон на сите гуми. Така Баварците сега одбележуваат 30 години од претставувањето на првиот модел со 4х4 погон. Се зборува за моделот 325i 4х4 кој беше претставен во 1985 година на Салонот за автомобили во Франкфурт.
Со изгледот беше идентичен на четиривратниот модел 325i со заден погон додека под лимот криеше 4х4 погон кој 63 отсто моменти праќаше на задната осовина, а 37 на предната.
Оваа новост кај Тројката (е30) дополнително ја подобри тракцијата и возните особини, а германскиот Ауто Цајтунг тогаш пишуваше дека 325i 4х4 е шампион на класата кога станува збор за управувањето и агилноста во возењето. Остана историја… Денес БМВ нуди 12 различни модели со Х-Драјв погон, а скоро секое трето продадено БМВ вози со погон на сите четири тркала.