„БМВ Серија 3“ е најпродаваниот автомобил во историјата на баварскиот производител.
Овој модел во 2015 година го прославува 40-от родендан, што е зачинет со уште еден јубилеј. Од производните ленти се симна 10-милиониот примерок на седан верзијата на популарната „тројка“.
Десетмилионитиот автомобил е изработен во фабриката во Минхен.
Станува збор за „БМВ 320д ЛЦИ“ што се движи со четирицилиндарски 2.0 Твин Пауер турбо дизел мотор со 190 кс (140 кW) и 400 Нм.
Инаку, „БМВ“ до сега вкупно произвел над 12 милиони автомобили од „Серија 3“, но во сите форми на каросеријата – седан, купе, караван и кабриолет.