„БМВ“ продаде 100.000 електрични автомобили

Од:

Германскиот производител на автомобили (БМВ) е уверен дека иднината на автомобилската индустрија е во погонот на струја.

Поминаа само три години откако „БМВ“ ја претстави новата „i“ серија автомобили кај кои електричната енергија е или главна или е еден од движечките сили на возилото, а досега веќе се продадени 100.000 автомобили, што во својот погонски систем имаат електромотор.

Најпопуларниот „БМВ“ на струја е моделот „i3“, што се движи само со електромотор иако постои и верзија со продолжена автономија на движење со дополнителен мал бензинец што служи само за дополнување на батериите. До сега „БМВ i3“ отиде во рацете на повеќе од 60.000 сопственици.

Во истиот период продадени се десет илјади примероци на „БМВ i8“, спортски модел со Plug-in хибриден погон.

„БМВ i8“ се продава од летото 2014 година, а станува збор за возило со хибриден систем што се состои од трицилиндричен 1.5-литарски ТвинПауер турбо-бензинец, со моќност од 231 кс (170 кв) и 320 Nm и електромотор со 131 кс (96 кw). Бензинскиот мотор ги придвижува задните тркала со помош на автоматски шестбрзински менувач, додека електромоторот, што се напојува од литијум-јонска батерија од 5 квw. испраќа моќ на предната оска.

Кога за погон користи само електрична енергија, „БМВ i8“ може да помина околу 35 километри, а во тој мод максималната брзина на автомобилот изнесува 120 километри на час. Во „БМВ“ велат дека радиусот на движење на моделот „i8“ во секојдневното возење надминува 500 километри.

Баварците пресметаа дека годишно ќе се продаваат околу десет илјади вакви автомобили, но тој број беше достигнат веќе по две години.

Во 100.000 досега продадени електрифицирани „БМВ“ возила, покрај двата споменати модели од серијата „i“ се набројуваат и Плуг -ин хибридни автомобили, како што се „БМВ 330е“ и „БМВ Х5 хДрајв 40е“.

„БМВ“ неодамна потврди дека на „i“ фамилијата ќе и се придружи и моделот „i8 Спајдер“. Концептната верзија на овој автомобил е претставена уште во 2012 година, а продукцискиот модел се очекува во продажни салони во 2018 година.

Да потсетиме и дека „БМВ“ при претставувањето на новата „Серија 5“ ја најави  и хибридната верзија „530“ со автономија на струја до 45 километри. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ