Германската компанија БМВ претстави две тест возила со погон на водород.
БМВ планира до 2020 година на пазарот да понуди сериски автомобил на водородни горивни ќелии, а во тоа му помага јапонската компанија Тојота, со која во 2013 година потпиша договор за соработка во областа на технологијата на водордони горивни ќелии.
Германската компанија моментално работи на два прототипа кои како погонско гориво користат водород.
Првиот автомобил базиран е на хибридниот БМВ и8, додека второто тест возило е базирано на моделот Серија 5 ГТ.
Освен фотографии од двете возила, БМВ објави и неколку технички детали кои се однесуваат на тест возилата.
БМВ Серија 5 ГТ со водордони горивни ќелии ќе биде придвижуван од електромотор со јачина од 245 коњски сили.
Како и моделот Тојота Мираи, електричната енергија потребна за напојување на моторот ќе се добива од согорување на водород во горивни ќелии. За привремено чување на електричната енергија ќе се користат високонапонски батерии.
Водородот се наоѓа во резервоар поставен меѓу предната и задната оска на возилото, под притисок од 350 бари и на ниска температура.