„БМВ“ на саемот во Париз го претстави најновиот кабриолет

Од:

„БМВ Серија два“ доби уште еден член во семејството. Една година откако ја претстави купе верзијата, на саемот на автомобили во Париз премиера имаше моделот со отворен покрив.

Во однос на претходникот, кабриолет Серија два Кабрио е подолг за 72 милиметри (4.432 милиметри) и поширок за 26 милиметри (1.774 милимиетри). Меѓуосовинското растојание е поголемо за 30 милиметри и сега изнесува 2.690 милиметри.

Зголемените димензии влијаеја автомобилот веќе да не е толку компактен како шармантната прва генерација, но придонесе патниците на задните седишта да се чувствуват покомфорно и полесно да можат влезат и излезат од возилото.

Истовремено, зафатнината на багажникот е зголемена за 30 литри (на 335 литри), со кренат покрив, односно за 20 литри (на 280 литри), кога автомобилот се вози со ветер во косата.

Платнениот покрив е достапен во три бои: црна, антрацит и браон.

Можно е покривот да се крене и спушти и во активна положба, но само доколку брзината не е поголема од 50 километри на час, а секоја од овие две операции трае 20 секунди.

Дизајнот на надворешноста и ентериерот во најголема мера е пренесен од моделот „БМВ Серија два Купе“. Стилските разлики меѓу двата автомобила практично се условени само со поинаквата покривна конструкција.

„БМВ Серија два Кабрио“ ќе биде достапен со три бензински и еден дизел мотор.

Основниот модел, „220и“, опремен е со 2.0-литарски четирицилиндричен бензинец со 184 кс (135 кW) и 270 Нм. Посилната верзија на овој агрегат, што го придвижува „БМВ 228и“, е во состојба да произведе 245 кс (180 кW) и 350 Нм, а со доплата може да се впари со „хDrive“ погонот на сите четири тркала.

Купувачите кои сакаат модел со спортски перформанси ќе имаат можност да нарачаат „БМВ М235и“.

Овој автомобил е придвижен од шестцилиндричен 3.0-литарски TwinPower Turbo бензинeц сo 326 кс (240 кW) и 450 Нм, што му овозможува од 0 до 100 километри на час да забрза за 5,2 секунди, во верзијата со мануелен менувач, односно за пет секунди, доколку силата на моторот се пренесува на тркалата со осумбрзински автоматик.

Кога станува збор за дизелашите, во понудата е „БМВ 220д“ што под хаубата има четирицилиндричен 2.0-литарски турбо-дизел мотор со 190 кс (140 кW) и 400 Нм максималeн обртeн момент.

„БМВ Серија два Кабрио“ во продажните салони ќе пристигне на почеткот на 2015 година.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ