БМВ на 18 мај официјално ја претстави освежената верзија на моделот М5. Оваа можност беше искористена за најавата на таканаречениот „Competition“ пакет што ќе биде достапен и за М5 и за М6.
Една од најпознатите и најбрзи лимузини во светот, во рамки на измените за 2014 година, доби нова маска на ладилникот во чиј горен десен агол се наоѓа логото М5.
Адаптивните ЛЕД светла се достапни на листата на дополнителна опрема на освежениот М5 на БМВ, додека измените на задните светла ја опфаќаат примената на потенки ЛЕД ленти.
Во ентериерот прво ќе забележите спортски триаголен управувач, на чие дно се наоѓа логото М5 лого.
Други унапредувања на внатрашноста М5 ги дели со стандардниот модел од серијата 5: нова верзија iDrave мултимедијален систем со навигација (4.2) со кој се управува преку површина чувствителна на допир. Хромирани апликации и повеќе место за ставање дребулии,исто така, ќе се најдат во кабината на моделот М5.
Во понудата ќе се најдат и новите нијанси на мат боја на каросеријата што автомобилот го правата да изгледа како да је замрзнат. Нјавени се и нови нијанси боја на седиштата и на другите делови на ентериерот што ќе биде пресвлеченисо кожа.
Љубителите на спортски автомобили, сепак, повеќе ќе ги интересираат деталите од „Competition“ пакетот што БМВ ги разви за моделите М5 и М6. Примероците што ќе бидат опремени со овој пакет ќе имаат мотор со снага од 575 КС, што е 15 КС повеќе отколку во стандардниот М5.
Од компанијата не пристигна информација за тоа дали/колку е нараснат максималниот обртен момент на овие мотори, но кажано е дека сите модели сега до стотка стигнуваат за 0,1 секунди побрзо од порано.
Каросеријата е дополнително зацврстена, амортизерите се потврдо наштелувани, стабилизаторите се дополнително зацврстени, додека целиот систем на вешање е „спуштен“ за 10 милиметри.
Системот за управување, како и диференцијалот дополнително се подесени за да придонесат за подобри возни својства.
Освен работата на механичките системи, во текот на развојот на „Competition“ пакетот, работено е и на развојот на софтвер со кој се контролираат функциите на системот за стабилност на возилото. Овие измени имаат за задача да дозволат повеќе пролизгување во текот на спортското возење на границата способноста и на автомобилот и на возачот.
Цените за целата група модели М5 и М6 ќе бидат соопштени во август 2013 година, кога овие модели ќе се појават на пазарот.