„БМВ-М2“ ќе настапи на пазарот со сосема нов мотор од 400 кс

Од:

Додека љубителите на спортски автомобили со нетрпение го очекуваат наследникот на „БМВ-1М Купе“,од германската компанија веќе пристигнуваат нови вести за моделот „М2“.

Шефот на „М“ одделението во компанијата, Фридрих Ничке, за магазинот „Аутокар“ ги откри првите детали за моторот што ќе го придвижува моделот „БМВ-М2“.

Под хаубата на новиот најмал „М“ модел ќе се наоѓа шестцилиндричен 3.0-литарски турбо-бензинец, но Ничке објаснува дека не станува збор за агрегат што се користи во „БМВ- М3“ и „М4“, туку за нова погонска единица темелена на моторот наменет за следната генерација од „Серија 7“.

Моторот ќе произведува околу 400 кс, што е, како што смета Ничке, „магичен број“.

-Ќе запреме на на ова асила на моторот за да не ја загрозиме продажбата на „БМВ- М4“, што развива 431 кс, вели Ничке.

„БМВ-М2“ стандардно ќе биде опремен со шестбрзински мануелен менувач, додека како опција ќе биде достапен и седумстепен менувач со двоен кумплунг, со чија помош автомобилот од место до „стотка“ ќе стигнува за 4,4 секунди, а максималната брзина ќе биде електронски лимитирана на 250 километри на час.

„Аутокар“ дознава дека подоцна, на избрани пазари, ќе биде понудена и верзијата со „хДрајв“ погон на сите четири тркала.

Стандардниот модел треба да биде полесен од „БМВ- М235и Купе“, што има маса од 1.530 килограми, што ќе биде постигнато благодарение на употребата на композитни материјали во конструкцијата.

Се очекува „БМВ-М2“ во продажните салони да пристигне во есента 2015 година.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ