БМВ концепт Х5 еДрајв

Од:

БМВ најави хибридна верзија на новиот модел Х5, што ќе биде претставен на Саемот на автомобили во Франкфурт идниот месец.


Хибридниот погон на концептот се состои од четирицилиндерски ТвинПауер Турбо бензински мотор и електричен мотор, што испорачува 95 коњски сили, а добива сила од батерии поставени под багажниот простор.



БМВ нагласува дека батериите може да се полнат на стандардна домашна електрична инсталација или на јавни станици.


БМВ Х5 еДрајв може да користи само електричен погон и може да мине 30 километри, при максимална брзина од 120 километри на час. Потрошувачката на концептот изнесува 3,8 литри на 100 километри, додека емисијата на штетни гасови изнесува 90 грама на километар.



Хибридниот модел има неколку козметички подобрувања како што се носачите на покривот и аеродинамичните 21-инчни тркала. Возачите на располагање имаат три стила на возење, интелегентен хибрид, целосно електричен стил и стил на штедење.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on