БМВ ја освежи Серијата 1 пред очекуваната нова генерација

Од:

Актуелниот модел, кој ќе биде заменет во 2018 година претрпе помали козметички промени, а најмногу промени се случија во кабината на автомобилот.

Втората генерација на БМВ Серија 1 имаше премиера во 2011 година, а овој модел претрпе голем редизајн во 2015 година.

Иако не се очекуваше дека германскиот производител ќе изврши промени на постоечката верзија пред лансирањето на следната генерација, која е планирана за 2018 година, во БМВ одлучија сепак уште еднаш да ја освежат актуелната Серија 1.

Овој пат, надворешноста на автомобилот остана практично иста, но на купувачите е понуден нов дизајн на алу фелните, како и две нови нијанси на сина и портокалова боја – Seaside Blue i Sunset Orange.

Освен тоа, на располагање се и три нови специјални пакети опрема – Edition Sport Line, Shadow, Edition M Sport Shadow и верзијата БМВ М 140i Edition Shadow, со црни детали на екстериерот: на рамката на маската на ладилникот, околу фаровите и со затементи задни светлосни групи.

Најмногу промени се случија во внатрешноста на кабината, каде се редизајнирани инструмент таблата и централната конзола, која доби завесичка преку држачот за чашите. Благо се рестилизирани и вентилациските отвори, а додадени се и нови украсни хромирани детали и елементи во црн финиш со висок сјај.

Визуелните промени во ентериерот ги заокружува новата понуда на навлаки за седиштата. Во БМВ велат дека го развиле iDrive системот, а нов е и корисничкиот интерфејс на 8,8 инчен екран со мултимедијален и навигациски уред,

На купувачите е на располагање и опциски WiFi hotspot, кој овозможува во текот на возењето на Интернет да се приклучат до 10 мобилни уреди.

Би можело да ве интересира

„БМВ“ го продаде милионитиот електромобил

Ана Ололовска

БМВ отпушта 6.000 луѓе и ја откажува соработка со Мерцедес-Бенц

А1он

БМВ ќе произведува медицински маски

А1он

Јужна Кореја му се заканува на БМВ со казна од 10 милиони долари

Наум Локоски

Полицијата изврши претрес во седиштето на корејското БМВ

Наум Локоски

БМВ ќе гради фабрика во Унгарија вредна една милијарда евра

Наум Локоски