Германската компанија БМВ, според најновите информации, го одобри производството на нов спортски кросовер, што ќе го носи името Х2.
Сериската изведба на моделот Х2 ќе има пет врати и ќе биде поставена на УКЛ платформата, што значи дека стандарниот погон ќе биде на предните тркала, а како опција ќе постои и погон на сите тркала.
БМХ Х2 ќе биде достапен со трицилиндерски и четирицилиндерски бензински и дизел мотори од понудата на БМВ Серија 2 Актив Туриер и Гран Туриер, додека помоќната М Перфроманс изведба, што на пазарот се очекува во 2018 година ќе има до 300 коњски сили.
Новиот кросовер Х2 најверојатно ќе биде изграден во примерот на Х4 со помали дименции. Првиот концепот што ќе го претстави Х2 се очекува во март 2016 година на Саемот на автомобили во Женева, а сериската изведба на пазарот би требало да стигне до 2017 година.