„БМВ“ објави фотографии од рестилизираниот модел „M135i“, што освен стилски измени во споредба со неговиот претходник има и малку помоќен 3.0-литарски шестцилиндричен мотор .
Во средината на јануари „БМВ“ го претстави редизајнот на втората генерација „Серија 1“, а сега имаме можност да видиме како изгледа најсилната верзија „M135i“.
Како кај другите модели од „Серија 1“, и моделот „БМВ M135i“ има нови предни светла и маска за ладилникот, а измени претрпеа и браниците како и стоп светлата.
Автомобилот со својот „М спорт“ пакет визуелно многу малку се разликува од „обичната Серија 1“. Сепак, на внимателниот набљудувач нема да му остане незабележено дека кучиштето на ретровизорот и рамката на отворот за воздух на предниот браник се во сребрена боја, како и дека од задниот браник се гледаат две симетрично поставени хромирани цевки на издувниот систем.
„БМВ“ ги објави рендерите на моделот „M135i“ со пет врати, а благодарејќи на сајтот „Аутогеспот“ во можност сме да видиме и фотографии од верзијата со три врати снимени во Германија.
„БМВ M135i“ е опремен со познатиот 3.0-литарски шестцилиндричен бензинец, што од претходникот е помоќен за шест „коњи“, така што сега произведува 326 кс, додека максималниот вртежен момент и понатаму изнесува 450 Нм. Во верзијата со заден погон, „БМВ М135i“ од 0 до 100 километри на час се забрзува за 5,1 секунди, доколку моторот е поврзан со мануелен менувач, а за 4,9 секунди кога силата се пренесува на тркалата со помош на осумбрзински автоматик.
Моделот со „xDrive“ погон на сите четири тркала е достапен исклучиво со автоматски менувач, а забрзувањето до стотка се постигнува во рок од 4,7 секунди.